Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Онкологија: Интензивно се работи за обезбедување на лековите кои недостигаат

/

пред 558 дена

Сподели преку :

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) информира дека интензивно се работи на обезбедување на лековите кои се во недостиг. Постапката за јавна набавка веќе е завршена од страна на клиниката, а управната контрола од Бирото за јавни набавки е финализирана во рок.

Во моментов е активен периодот за приговори, по што целата постапка е во надлежност на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Од УКРО посочуваат дека нивниот тим за јавни набавки работи со посветеност за завршување на сите процедури во најкус можен рок, со цел договорите со добавувачите да се склучат навреме, а потребните лекови да пристигнат на клиниката до крајот на оваа седмица.

Во тек е постапка за набавка на околу 40 артикли, меѓу кои се и дефицитарните лекови, велат од Клиниката за радиотерапија и онкологија.