Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Онкологија: Пресуда за Пешевска на 22-ри септември

/

пред 396 дена

Сподели преку :

Обвинетата докторка од Онкологија Мери Пешевска, која на минатото рочиште призна вина, пресудата ќе ја слушне на 22 септември. Денеска рече дека работела за доброто на пацинетите и не очекувала дека нејзиниот факсимил и лозинката ќе бидат злоупотебени. Обвинителката во завршен збор рече дека Пешевска делото го сторила во рамки на свесна небрежност и предложи да биде казнета согласно законот.

Лозинката за влез во компјутерскиот систем и факсимилот ги оставала во амбуланта и на шалтер на располагање на други доктори за добро на пацинентите да добијат побрзо терпија и да не мора да се враќаат.

Ова денеска го сведочеше обвинетата докторката Мери Пешевска од Клиниката за Онкологија која на минатото рочиште призна вина. Обајснуваше дека на 7-мината онколошки пациенти кои според обивнението биле несоодветно лекувани и им се нарушило здравјето таа не им била ординирачки онколог, туку тие биле пацинети на д-р Нино Васев.

„Целиот живот им го посветив на пациентите“, рече низ солзи Пешевска која  сведочеше дека ниту едне пацинет не вратила од амбулатна, а излекувала и многу пациентки од рак дојка.

  • Никогаш не сум помислила дека тоа ќе биде злоупотребено од страна на доктори онколози како што е случајот сега. Досега сме имале почит и доверба кон колегите, никогаш не сме се посомневале во стручноста, искуството и намерите. Оттука јас поради мојата небрежност и невнимание ги ставив на располагање моите лични податоци, корисничко име и лозинка и факсимилот и истите биле злоупотребени. Но оттогаш кога и да излезам од амбуланта печатот е со мене и го исклучувам системот – рече Мери Пешевска, обвинета.

Нејзниот адвокат побара правдата да биде правична. Судот да изрече соодветна санкција која ќе биде и казна, но и ќе овозможи обвинетата да продолжи да лекува пациенти,

Обвинителката го прецизираше обивнението според кое Пешевска му ставила на располагање факсимил да препишува и одобрува терапија кај 7 пацинети спротивно на медицинските правила. Меѓу олеснителните околности го посочи искреното признание на вина и каење меѓу отежнитлените е последицата -кај седум пациенти дошло до нарушување на здравјето.

  • Обвинетата го сторила делото во рамки на свесна небрежност. Иаkо била свесна за штетната последица лекомислено мислела дека таа нема да настане… Имајќи ги в предвид сите околности и признание на вина обвинителстовто предлага Судот да ја прогласи за виновна и казни согласно закон, рече Ана Гоговска Јакимовска, обвинителка.

Пресудата ќе биде објавена на 22 септември, а судењето за несовесно лекување продлжува без Пешевска со докторите со екс директорот Васев и онколозијте Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски.

Елена Мукоска Ивановска