Градоначалниците од Општините од Источно планскиот регион(ИПР) се единствени, покренаа иницијатива за решавање на проблемот со бездомните животни.
Единаесетте општини за почеток имаат обезбедно околу 100.000 евра, а со најава да се обезбедат и дополнителни средства за целосна реализација на проектот.
За Општините во Брегалничкиот Регион понудени се повеќе локации за изградба на стационира за бездомни животни.
- Во моментот работиме за изнаоѓање на локации. Понудена е локација во Општина Карбинци, а понудена е локација и во други општини. Оставаме да одлучат проектантите, односно тие да кажат која локација е најпогодна. Тоа за нас не менува ништо, на нас како регион ни е важно да се изгради стационар каде хумано ќе бидат згрижени бездомните животни – Тони Тоневски претседател на Совет на градоначалници ИПР.
Општините од источниот регион проблемот со бездомните животни го решаваат со ангажирање на ветеринарен оператор, кој ги заловува и врши хуман третман на животните. Инаку, Пробиштип за прв пат воведува и дополнителна мерка, стимулирање на сопственици да ги кастрираат своите миленици.
- Ние одлучивме оваа година да направиме уште еден чекор во решението на проблемот со бездомните животни, а тоа е да ги стимулираме сите сопственици на домашни миленици да ги кастрираат своите миленици, односно да им помогнеме да ги субвенционираме, како општина заедно со локалните ветеринарни станици, вели Тоневски.
Регионални стационари за бездомните животни има во Струмичкиот и Вардарскиот Регион.
Викторија Јованова
Б.С.











