Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оптимизам дека утре Владата и СОНК конечно ќе изнајдат решение и штрајкот ќе прекине

/

пред 1636 дена

Сподели преку :

Втор ден со соучениците доаѓа на настава , иако над 90% од неговите професори во средното училиште „ Орце Николов“,  како дел од СОНК штрајкуваат, за повисоки плати. Матеј Ивановски е ученик во втора година. Вели, поради штрајкот само некои професори држеле настава, но го подржува тоа.

Губиме од настава , да. Но, ако штрајкуваат за нивните права професорите, мислам дека имаат право да штрајкуваат. Така што го подржувам тоа , вели Матеј Ивановски –ученик во втора година во гимназијата „ Орце Николов“

Професорите на Матеј и денеска седат во посебна просторија, со маски на лицата согласно анти ковид протоколите и не држат часови. Штрајкуваат зашто бараат зголемување на платите за 18, 4 %, откако се зголеми минималната, бидејќи сметаат дека не е едноставно да се живее со платите што ги добиваат.

Согласно последните поскапувања и генерално штошоците за живот , не е едноставно , да. Мала е платата, да, вели Љубиша Гавровски – штрајкувачки одбор на СОНК во гимназија „ Орце Николов“

На денешниот втор ден од штрајкот на СОНК, бројот на ученици кои доаѓаат на училиште е се помал, велат од штрајкувачките одбори. Според нив , тоа е доказ дека родителите се солидаризирале со нивните барања.

  • Утрово нема ни еден ученик. Беше донесена само една ученичка. Меѓутоа кога родителот виде дека е само една ученичка се вратија, односно си ја зеде повторно назад, вели Мирослав Најдовски-штрајкувачки одбор на СОНК во ОУ „ Петар Попо Арсов“
  • За 2 или 4 деца настава тешно може да се организира од различни одделенија. Значи тие родители што немале сигурност за тоа што ќе се случи, еве видоа дека подршката е голема, изјави  Витомир Лазороски- штрајкувачки одбор на СОНК во ОУ „ Христијан Тодоровски Карпош.

Од штрајкувачките одбори велат дека од утрово немало притисоци за прекин на штрајкот, а за вчерашните обиди тој да запре веќе има писмени изјави, упатени до правниот застапник на СОНК.

До сега има 7 писмени изјави од штрајкувачите за попречувања на штрајкот. Тие во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат поднесени од СОНК во Основните јавни обвинителства низ државата, соопштија од Адвокатска канцеларија Шехтански

Нова средба меѓу претставници од СОНК и владата се очекува утре. А, премиерот Ковачевски денеска на Фејсбук напиша дека од 2017 година наваму платите во образованието се зголемени за 21 % и дека се отворени за дијалог со СОНК, за постигнување систем за раст на платите преку заеднички утврден модел, кој нема да биде условен од штрајкови и незадоволства.

Сотир Трајков