Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Орбан: ЕУ има полош договор со САД од В. Британија, Трамп ја „изеде“ Фон дер Лајен за појадок

/

пред 437 дена

Сподели преку :

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека новиот трговски договор меѓу Европската Унија и САД е „неповолен“ и полош од оној што САД претходно го потпишаа со Обединетото Кралство.

„Тоа не е договор. Трамп ја изеде Урсула фон дер Лајен за појадок. Американскиот претседател е тешка категорија во преговорите, додека таа е лесна категорија“, изјави Орбан во унгарски поткаст.

Новата спогодба предвидува 15-процентни царини за повеќето производи од ЕУ, што е значително помалку отколку 30 отсто царини, со кои Трамп претходно се закануваше. Сепак, според Орбан, условите и понатаму се нерамноправни.

Договорот со Велика Британија, склучен на почетокот на мај, предвидува увозни давачки во САД од 10 проценти за широк спектар на стоки, вклучувајќи до 100.000 автомобили годишно.