Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Орбан: Украина ќе биде поделена во три зони – руска, демилитаризирана и западна

/

пред 403 дена

Сподели преку :

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина се наоѓа во процес на поделба и ќе биде „трансформирана во територија со три зони“ – руска, демилитаризирана и западна.

Тој ова го соопшти за време на својот годишен говор пред конзервативната заедница во селото Кечче, со што ја отвори есенската политичка сезона во Унгарија.

„Мораме со ладна глава да ја разбереме ситуацијата – Украина веќе се дели. Сè уште не се целосно јасни контурите и условите, но исходот ќе биде три зони“, рече Орбан.

Орбан, кој важи за најблизок сојузник на Владимир Путин во ЕУ, продолжува да го блокира приближувањето на Украина кон Унијата, се спротивставува на испорака на оружје и бара укинување на санкциите против Русија.