Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оризопроизводителите од Чешиново-Облешево излегоа на протест и побараа да се пушти вода и да се направи корекција на Планот за наводнување

/

пред 543 дена

Сподели преку :

Веднаш да се пушти водата и да се направи корекција на Планот за наводнување, ова е приоритетното барање на оризопроизводителите од општината Чешиново-Облешево, кои денеска излегоа на протест и со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на патот Штип-Кочани во селото Облешево. Оризопроизводителите се револтирани што доцни сеидбата, но и се намалени површините кои годинава ќе се сеат под ориз.

Оризова арпа од ланската реколта се уште има во амбарите, откуп нема, ниту пак цената е добра. Оризопроизводителите на денешниот протест побараа веднаш средба со ресорниот министер и премиерот, а поддршка добија од Националната мрежа на земјоделци.

По само два часа во Облешево експресно пристигна ресорниот министер, Цветан Трипоновски кој порача земјоделците да бидат спокојни, најавата за врнежи од дожд ќе ја подобри состојбата во браната Калиманци .

Сеидбата на оризот во кочанско треба да заврши до 15 мај.

Викторија Јованова