Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оризопроизводителите од Кочани го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани

/

пред 1511 дена

Сподели преку :

Кочанските оризопроизводители излегоа на протести и во селото Облешево го блокираат патот Штип-Кочани.

Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците.

Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството вели дека производствената цена е повисока од откупната.

Нивно барање е пред да почне жетвата да се одреди откупна цена, а бараат и средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Ланската реколта беше откупувана од 15 до 18 денари, а сега се откупува од 20 до 22 денари, кој може да опстане, истото е и со пченицата, тутнот, грозјето. Буквално целото земјоделие е во колапс“, вели Арсов од Иницијативниот одбор.