Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оризопроизводителите разочарани од откупната цена на оризовата арпа

/

пред 1421 дена

Сподели преку :

Разочарни од отупната цена на оризовата арпа на самиот крај на жетвата, кочанските оризопроизводители денеска со земјоделската механизација ја блокираа едната коловозна лента на регионалниот пат Штип-Кочани во селото Облешево.

Оризопроизводителот Венцо Стојанов пред 14 години почнал со околу 3 , сега оризот го сее на површина од осум хектар. Тој но и останите порачаа дека оризот ќе исчезне од нивите, какошто се афионот и шеќерната репка, бидејќи производната цена е 27 денари, а откупачите арпата ја откупуваат селективно  од 22 до 24 денари.

Ставре Јанев од Самостојниот синдикат на земјоделци забележува дека единствено цената на оризот беше замрзната, со што земјоделците во текот на годината трпеа големи загуби, а очекува конструктивен дијалог и поместување на состојбите преку средбите со откупувачите и надлежните институции.

Поддршка на денешниот предупредувачки протест дадоа и земјоделците, тутунарите, сточарите и овоштарите од сите региони во земјава.

Македонските земјоделци, оризопроизводители, сточари и овоштари од денешниот протест упатија порака дека до крајот на годината ќе организираат Генерален штрајк.

Викторија Јованова