Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осигурителните фирми треба да одлучат дали ќе им вратат пари на граѓаните кои платија поскапо осигурување

/

пред 890 дена

Сподели преку :

Според податоците, околу 10.000 граѓани биле регистрирани деновите кога осигурителните компании за 15 % ја зголемија цената на осигурителната полиса. Под притисок на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) и Финансии, се врати старата цена, но останува прашањето дали граѓаните кои платија поскапа регистрација, поради полисата ќе бидат обесштетени од осигурителните компании.

Предлогот за враќање на старите цени мина на Влада, се чека негово објавување во „Службен весник“. На ова бурно реагираа фирмите од осигурителниот бизнис, со порака дека одлуката е директна закана за финансиската стабилност на секторот.

Тврдат дека одлуката за повисока цена на полисата ја донеле бидејќи таа не е променета повеќе од 10 години, а нивните трошоци во меѓувреме пораснале. Но, анализата на АСО покажа дека поскапувањето е неосновано.