Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи бара трпение од опозицијата, Мицкоски одбројува

/

пред 1611 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи побара трпение од опозицијата до летото, да се види епилогот од преговарачкиот процес, а потоа да седнат на маса и да се договараат за евентуален изборен натпревар.  Блокадата на Собранието, вели,  ја носи водата кон тие што бараат причини да кажат дека Македонија е државата која не е конструктивна во овој процес, не може да ги исполни своите обврски и не е подготвена за зачленување во Европската унија.

За Мицкоски оваа изјава е несериозна. Не отстапува од намерата, активно да го блокира Собранието, доколку премиерот до 10 мај не седне на маса, за да разговараат за предвремени избори.

И додека ВМРО ДПМНЕ одбројуваат уште три дена до крајниот рок за средба, СДСМ најавија дека веќе имаат план како да обезбедат функционалност на законодавниот дом и потребните законски измени да бидат донесени.

Далиборка Дамјанска