Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи губи надеж за судството, Стејт Департментот порача лидерите да не се мешаат

/

пред 1206 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи призна пораз. Коментирајќи ја последната порака од Стејт департментот дека лидерите мора да го ограничат политичкото мешање во судството, рече дека, единствениот спас за реформа на судството го гледа во ЕУ.

Од Стејт департментот, пак, порачуваат домашната работа да се заврши дома. На прашањето на Гласот на Америка на македонски, дали САД се една од петте држави што обезбедиле меѓународна правна помош за прибавување на докази во истрагата за „Скопје 2014“, одговорот е дека, „борбата против корупцијата и независноста на судството се од суштинско значење за влез во ЕУ“.

Пораката до Македонија е и дека, САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал, искоренувањето на корупцијата, зголемувањето на транспарентноста, спроведувањето на одговорноста и дополнително зајакнување на владеењето на правото и демократските институции.

Далиборка Демјанска Цветановска