Русија им одзеде акредитации на шест британски дипломати, обвинувајќи ги дека се шпиони, пренесе Интерфакс, цитирајќи ја Службата за државна безбедност (ФСБ).
Како што наведе ФСБ, дипломатите останаа без акредитации, бидејќи „нивните активности ја загрозиле безбедноста на Русија“.
„Врз основа на документите кои ги достави ФСБ, како одговор на бројните непријателски потези на Лондон, министерството за надворешни работи на Русија ги укина акредитациите за шест вработени лица во политичкото одделение на британската амбасада во Москва во чии акции се откриени знаци на разузнавачка и субверзивна раборта“, е наведено во соопштението на ФСБ, без да се откриваат имињата на шестемина дипломати.











