Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осомничениот за „шпионската афера“ во кабинетот на Силјаноска немал пристап до класифицирани информации, тврди ДБКИ откако по новинарските написи изврши вонредна инспекција на Водно

/

пред 126 дена

Сподели преку :

Од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во одговор до Телма тврдат дека извршиле инспекција во кабинетот на Гордана Силјановска, во мај откако во Слободен Печат беа објавени првите информации за „шпионската афера“ на Водно. Дирекцијата врши инспекции за проверка на начинот на ракување и чување на класифицирани информации во онституциите.

Од ДБКИ велат дека осомничениот немал пристап до класифицирани информации. Предистрагата ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ни одговори дека не може да сподели повеќе информации поради тајноста на постапката, а по предметот се постапува активно и од ОЈОГОКк и од МВР.

Случајот бил пријавен во МВР на крајот на декември, а инцидентот се случил во ноември. Осомничен е ИТ администратор во кабинетот на претседателката кој работел како надворешен консултант и како поранешен армиски специјалец е во пензија со бенефициран стаж. Сомнежот е дека копирал документи од компјутерскиот систем.

Дирекцијата не го направила вонредниот инспекциски надзор кога е пријавен случајот туку кога медиумите објавија, 5 месеци по пријавата во МВР и отварањето на предистрагата.

Во продолжение, целосното соопштение на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ):

-Согласно планот за работа на инспекторите за безбедност на класифицирани информации за минатата година беа спроведени редовен и контролен инспекциски надзор, а непосредно по објавата за случајот со копирање на документи од компјутерскиот систем во претседателскиот кабинет спроведен е и вонреден инспекциски надзор, при којшто е утврдено дека лицето кое се спомнува во предистрагата немало пристап до класифицирани информации.