Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оставки од Османи и Маричиќ бараат коалиционите партнери

/

пред 1582 дена

Сподели преку :

Оставки од Османи и Маричиќ поради дебаклот со Бугарија бара коалициониот партнер во владата,  Павле Трајанов.

Нив ги смета за највиновни за се` што се случуваше деновиве околу францускиот предлог.

Трајанов ја повика и ЕУ, да се држи до основните европски вредности, принципи и Копенхашките критериуми, а земјите членки, особено Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето на ставање на дневен ред на Преговарачка рамка во која се вградуваат националистичките барања на Бугарија поврзани со идентитет, јазикот, историските и образовни прашања. Македонските граѓани, пак,  своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести, за да види Европската Унија дека овде има силен граѓански – народен отпор против загрозување на македонскиот национален идентитет.

Претходно најави и дека ќе излезе од владата, доколку биде прифатен предлогот, а истото го одлучија и Извршните одбори на ЛДП и ДОМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот дека, воопшто не треба да се преговара ниту за никакви корекции во предлогот.

Тонско Драган Ковачки, ВМРО ДПМНЕ

Партиите на Албанците во Македонија не се загрижени за македонските национални интереси.За ДУИ, но и за Алијанса за Албанците, францускиот предлог беше прифатлив.

Далиборка Демјанска Цветановска