Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оставки во М-НАВ поради несоодветни вработувања – директорот Хамиди вели „се е по закон“

/

пред 1023 дена

Сподели преку :

Еден од тројцата директори на македонска навигација (М-НАВ), Љубе Стаменковски и раководителите на одделот за информатички и надзорни технологии, на одделот за надзорни системи, на одделот за навигациски системи, на електро-енергетски системи и на одделението за воздухопловна техника Охрид, поднесоа оставки од раководните функции, незадоволни од изборот на кадри кои се вработени во секторот за техника.

Извори за Телма велат дека кандидатите кои се примени на работа не ги имале потребните квалификации, а од друга страна не го поминале тестирањето. Членовите на комисијата која требала да го спроведе тестирањето не сакале да учествуваат во ваквиот избор на кандидати и поднеле оставки, велат извори од државната компанија.

Извршниот директор Фахрудин Хамиди за Телма изјави дека законите не се прекршени и дека кандидатите се примени на работа според истите услови како и претходните огласи.