Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Остин: Нападите врз американските војници во Ирак се недопустливи

/

пред 806 дена

Сподели преку :

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, изјави синоќа дека САД „нема да толерираат“ напади врз нивни војници. Изјавата ја даде за време на средбата што ја одржа заедно со државниот секретар на САД, Антони Блинкен, со министерката за надворешни работи и министерот за одбрана на Австралија, Пени Вонг и Ричард Марлс, во комплексот на Американската поморска академија во Анаполис, Мериленд.

Пораката на Остин се однесува на нападот врз американски војници во база во Ирак. Најмалку пет американски војници беа ранети, од кои еден сериозно, при нападот пред два дена врз воената база „Аин ал Асад“ во западниот дел на Ирак.

Запрашан дали знае кој стои зад нападот, министерот за одбрана рече дека САД се уверени дека станува збор за група поддржана од Иран.