Српските безбедносни служби открија и спречија обид за саботажа на гасоводот „Турски тек“ во Војводина, каде што бил пронајден експлозив со голема разорна моќ. Претседателот Александар Вучиќ изјави дека експлозивот бил откриен во рамки на истрага за загрозување на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија, и дека за случајот разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Истрагата е во тек, а надлежните пронашле ранци и пакети со експлозив, детонатори и друга опрема подготвена за диверзија. Случајот е квалификуван како сериозно кривично дело, додека службите работат на идентификација и приведување на осомничените.
Mеѓувреме, лидерот на унгарската опозиција Петер Маѓар изнесе тврдења дека однапред имал информации за можен инцидент на гасоводот за време на Велигден. Тој на „Facebook“ обвини дека станува збор за можно сценарио со политичка позадина поврзано со изборите во Унгарија и побара оставка од Орбан, дополнително зголемувајќи ги политичките тензии.

Орбан се сомнева на саботажа на гасоводот „Турски тек“ во Србија











