Осум деца и возрасни лица починаа по конзумирање на месо ос морска желка на островот Пемба во архипелагот Занзибар, а уште 78 луѓе завршија во болница, соопштија локалните власти.
Месото од морска желка важи за деликатес меѓу локалното население, иако повремено доведува до смрт од хелонитоксин, тип на труење со храна.











