Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

/

пред 477 дена

Сподели преку :

На територијата на државата денеска до 13 часот евидентирани се вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се сè уште активни, информираат надлежните институции.

Активни пожари се бележат во следните општини: Прилеп, кај селото Бешиште каде гори сува трева ви мешана шума; Македонски Брод, кај селото Црешнево, во подрачјето Церо Поле каде гори деградирана дабова шума и грмушки; Чашка – под Солунска Глава, каде моментално нема пламен, туку чад на карпест терен; и во Велес, каде е активен пожар во ниска вегетација.

Истовремено, изгаснати се четири пожари во општините Врапчиште (с. Врањовци), Липково (с. Лојане), Карбинци (с. Радање) и Арачиново (с. Орланци), каде што гореше ниска вегетација, стрниште, ѓубриште, и земјоделски површини.

Надлежните апелираат за внимателност поради зголемен ризик од пожари во текот на летниот период.