Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осум возила во верижен судир на автопатот Штип–Скопје, се истражуваат причините

/

пред 230 дена

Сподели преку :

Осум возила учествуваа во сообраќајката, која утринава се случи на автопатот Штип-Скопје меѓу клучките на светиниколско Преод и скопско Коњарево. Од силината на ударите меѓу возилата и од ударите во челичните банкини возилата се оштетени, а за среќа поради оградата дел од нив и не завршиле надвор од коловозот.

Несреќата се случила утринава околу 7 часот на еден од вијадуктите на овој дел од патот,  кој се вози и по удолница во правец кон Скопје.

Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на полицијата и обвинителството, за да се утврдат причините за оваа незгода, во која учествувале осум возила. Дел од граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека една од причините за несреќата е голомразицита на мостот, а други пак велат дека на овој дел од автопатот се вози и над 130 километри на час.

Оваа делница, но и експресните патишта Штип-Кочани и Штип-Радовиш не се опфатени во првата фаза на проектот Безбеден град, односно не се поставени камери, кои ќе ги регистрираат прекршоците на возачите. Инаку, СВР-Штип денеска информира дека и на тројца пијани возачи од Пробиштип, Берово и виничко Лески на возраст од 23,25 и 37 години им се одземени возилата.

Викторија Димитрова Јованова

Дигитална обработка: Т.Д.