Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Откажани летови, нарушен сообраќај на железницата, метрото, автобусите – генерален штрајк ја парализира Белгија

/

пред 567 дена

Сподели преку :

Белгија е парализирана од генерален штрајк што го организираат синдикатите во знак на протест против буџетските кратења на новата федерална влада. Откажани се сите сите летови од бриселскиот аеродром „Завентем“, како и од аеродромот „Шарлроа“.

Нарушен е и јавниот превоз, возовите, метрото и градските автобуси. Освен вработени во транспортниот сектор, штрајкуваат и вработени во трговијата, образованието, културата, јавните служби и администрација.

Организаторите на штрајкот информираа дека тој се одржува како одговор на владините мерки за социјална регресија кои претставуваат објавување војна против работниот свет, бидејќи со нив се манифестира „општ недостиг на почит“.