Министерството за внатрешни работи (МВР) и Царината од синоќа спроведуваат акција на граничниот премин „Богородица“. Според дел од медиумите, се работи за откриена дрога во камион со македонски регистарски таблички.
Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција.
Од МВР и од Царината засега не откриваат детали, но најавуваат повеќе информации во текот на денот.











