Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Ова не е правда, ова е формалност“ – реагираат од Здружение на граѓани „16-ти Март“ по изречените условни казни за полицајците

/

пред 151 дена

Сподели преку :

„За злоупотреба на службена должност, законот предвидува до 10 години затвор, а денес имаме условни казни – и тоа за утврдена злоупотреба во систем што со години дозволувал незаконитости, чие непостапување создало услови за трагедија со 63 изгубени животи и над 200 повредени“, пишува во Фејсбук објавата на Здружение на граѓани „16-ти Март“.

Според здружението овој драстичен несразмер меѓу вина и последици не е случаен – тоа е минимизирање на одговорноста и јасен сигнал дека системот се штити сам себе, наместо да се соочи со сопствените пропусти, па потенцираат дека ова не е правда, дека ова е формалност.

Незадоволни од пресудата, бараат одговорност без компромис.