Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пад на приходите на „Тесла“ за дури 71 отсто – Маск најави поголем ангажман во компанијата, помал во политиката

/

пред 534 дена

Сподели преку :

„Тесла“ објави заработка од 409 милиони долари во првите три месеци од 2025 година, што е 71 отсто помалку во однос на 1,4 милијарди долари во истиот период лани. Тоа би можело да го зголеми притисокот врз милијардерот Илон Маск, главен извршен директор на „Тесла“, да го намали ангажманот во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и да се посвети на менаџирање на компанијата, пишува „Њујорк тајмс“.

„Тесла“ претходно објави нето добивка од 1,1 милијарда долари во 2024 година, бројка што беше ревидирана поради промена во начинот на вреднување на крипроимотот.

Продажбата на возилата на „Тесла“ е во пад покрај жестоката конкуренција од Кина, како BYD, но и поради јавните истапи на Маск и поддршка на крајно десничарските политички ставови што наиде на одбивност кај дел од либералните и центристички купувачи.