Во скопската населба Карпош падна фасада од зграда на улицата „Јуриј Гагарин“ број 33. Според информациите на општината од терен, досега нема пријава за повредени лица.
Од Општина Карпош за Телма велат дека во моментов нивни екипи се излезени на терен, се врши увид за да се открие причината поради која паднала фасадата. Се сомневаат дека една од причините е неодржување. Од општината информираат дека фасадата на оваа зграда е реновирана во 2015 година.











