Во координирана полициска акција дол од предметот со кодно име „Бункер“, Бирото за јавна безбедност фати лице на дело при примопредавање на 165.000 евра – пари за кои се сомнева дека се резултат на долгогодишна рекетарска шема и изнуда… Акцијата е изведена по налог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со претходна криминалистичка обработка и судска наредба… Неофицијално, акцијата таргетира припадници на познатата фамилија Маслани од скопското село Арачиново, кои од порано се поврзувани со организирани криминални групи „Барон“ и „Беланоца“… Полицијата денеска изврши претреси на повеќе локации во Арачиново и Куманово, а во јавноста веќе е присутно засилено полициско присуство… Се проверуваат траги за поврзаност со други кривични дела, вклучително и серија уцени, закани и насилни методи за изнудување пари од бизнисмени и поединци…











