Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

/

пред 485 дена

Сподели преку :

Околу еден  час имаше интензивен дожд и ветер во Тетово и околината, нема повредени, но невремето предизвика непроодност на патишта и улиците.

Поради наноси од земја и вода, непрооден е патот Бродец-Шипковица информираа од тетовската пожарна, од каде интервенираат на оваа делница.

Поради силниот ветер падна дрво на улица „Бане Стефановски“ кај Стара градинка, каде има оштетени возила. Дрво има паднато и во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Поради дождот има поплавени улици, но од јавното комунално претпријатие „Шар“ информираат дека успеале да интервенираат на клучните места каде што се појавиле проблеми со фекалната и атмосферската канализација,

На местата каде има паднати дрвја, увидната екипа на СВР Тетово изврши увид.