Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Палестина: Дали светот испраќа порака дека Израел доби дозвола за убивање?

/

пред 1091 дена

Сподели преку :

Пораките за правото на Израел да се брани, ќе бидат протолкувани како дозвола за убивање, рече палестинскиот претставник во Обединетите нации (ОН), Ријад Мансур кој го обвини Израел дека ги користи нападите на Хамас како изговор за нанесување на ужасни страдања на целокупното цивилно население.

„На Израел мора да му се каже дека треба да ја смени насоката и оти постои пат до мирот на кој не гинат ниту Палестинци, ниту Израелци, рече Мансур.

„Не можете да кажете дека ништо не оправдува убивање на Израелци, а потоа да дадете оправдување за убивање на Палестинци. Ние не сме подлуѓе“, рече Мансур и пелира на прекин на насилствата и крвопролевањата, а меѓународната заедница ја повика да го заштити палестинскиот народ.

„Доаѓавме во Советот за безбедност од месец во месец и предупредувавме на последиците од израелската неказнивост и меѓународната неактивност. За жал, историјата за некои медиуми и политичари почнува кога се убиени Израелци“, истакна палестинскиот претставник во Обединетите нации.