Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Папата Франциск ја напушти болницата во Рим и се врати во Ватикан

/

пред 575 дена

Сподели преку :

Папата Франциск денеска ја напушти болницата „Џемели“ во Рим и се упати кон Ватикан, откако 38 денови се лекуваше од воспаление на белите дробови. Беше во животно-загрозувачка состојба, но лекарите вложија максимални напори во неговото лекување. Колона од 88 возила со Папата мина претпладнево низ Рим. Пред напуштање на болницата, тој се појави на болничката тераса од каде ги поздрави вербниците и се заблагодари за нивната поддршка.

Папата Франциск боледува од хронично воспаление на белите дробови. Уште како млад бил подложен на операција за отстранување на дел од белодробното крило. Во болница беше примен на 14 февруари. Лекарите му дијагностицираа комплицирана бактериска, вирусна и габична инфекција на респираторниот тракт, а набрзо потоа и воспаление на белите дробови.