Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Папата Лав XIV ги повика САД и Иран да се вратат на преговарачка маса

/

пред 164 дена

Сподели преку :

Папата Лав XIV ги повика САД и Иран да се вратат на преговарачка маса со цел да се стави крај на конфликтот, нагласувајќи дека дијалогот е единствениот одржлив пат кон мир.

Воедно, тој остро ја осуди смртната казна, потенцирајќи дека таа не е во согласност со основните човечки вредности.

Говорејќи на прес-конференција за време на летот по неговата посета на Африка, папата истакна дека државите имаат право да ги контролираат своите граници, но предупреди дека третманот на мигрантите мора да биде хуман и достоинствен. Според него, недозволиво е луѓето да се третираат полошо од „животни“.

Папата се осврна и на улогата на црквата, изразувајќи жалење што моралното учење често се сведува само на прашања поврзани со сексуалноста, наместо да се посвети поголемо внимание на пошироки етички и социјални теми.