Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Папата Лав XIV повика да се воспостави строга етичка контрола на вештачката интелигенција

/

пред 132 дена

Сподели преку :

Папата Лав XIV денеска повика на итна и силна регулатива на вештачката интелигенција, предупредувајќи дека нејзиниот развој мора да биде ставен во служба на заедничкото добро, а не на профитот или моќта.

Во својата прва енциклика „Magnifica Humanitas“, претставена во Синодната сала во Ватикан, папата истакна дека човештвото се наоѓа пред историски предизвик споредлив со индустриската револуција, нагласувајќи дека ВИ веќе влијае врз работните места, безбедноста и општествените односи.

Тој особено предупреди на развојот на автономни системи за оружје и алгоритми кои можат да донесуваат одлуки со сериозни последици без човечки надзор, како и на ризиците од дискриминација и социјално исклучување преку алгоритамски системи.

„Вештачката интелигенција мора да биде разоружана“, порача папата, објаснувајќи дека со овој термин сака да укаже на потребата од морална контрола и јасни јавни правила, слично како што тоа е направено со нуклеарната технологија.

Папата нагласи дека развивачите на технологија, политичките лидери, научниците и граѓанското општество е потребно заеднички да работат на модели што ќе го стават човекот во центарот на технолошкиот развој, предупредувајќи на „култура на моќ“ која го движи глобалниот натпревар во сферата на вештачката интелигенција.

На настанот се обрати и коосновачот на компанијата Anthropic, Кристофер Олах, кој изјави дека е неопходно поголемо вклучување на морални и критички гласови во развојот на ВИ, нагласувајќи дека индустријата има потреба од надворешни критичари кои ќе укажуваат на грешките и ризиците.

Папата Лав XIV ја поврза својата порака со социјалното учење на Црквата и традицијата на „Rerum Novarum“, нагласувајќи дека новите технологии мора да служат за достоинството на човекот и општото добро, а не за продлабочување на нееднаквостите.