Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Парламентот на Шпанија го одобри законот за амнестија на каталонските сепаратисти

/

пред 875 дена

Сподели преку :

Шпанскиот Парламент денеска даде конечно одобрување на Законот за амнестија на каталонските сепаратисти, вмешани во неуспешниот обид да прогласат независност во 2017 година.

Законот беше поддржан од шпанската левичарска коалициска влада на Педро Санчез, две каталонски сепаратистички партии и други помали партии.

Беше изгласан со 177 спрема 172 гласа „за“ во Долниот дом, а против беа конзервативната Народна партија и екстремната десница „Вокс“.

Санчез порано изјави дека тој закон ќе доведе до помирување и соживот во Каталонија.

Законот најверојатно ќе се соочи со правни предизвици од повисоките судови бидејќи дел правни експерти ја доведуваат во прашање неговата уставност.