Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Партиите со свои толкувања за интерпелацијата, Илире Даути со коментар – разрешување или работа под диктат

/

пред 647 дена

Сподели преку :

Партиите со свои толкувања, Даути со коментар, а јавноста во дилема – што ќе се случува со пратеничката и претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

Пред три дена, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Движењето ЗНАМ ја поддржаа иницијативата на Левица, со што Собранието со 61 глас ѝ изгласа недоверба на Илире Даути.

Уште веднаш вечерта од кабинетот на спикерот Гаши се јавија со писмено појаснување на интерпелацијата. Велат дека резултатот од гласањето нема правно дејство, а именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот.

Даути во писмо до медиумите денеска изјави дека интерпелацијата значи нејзино разрешување или работа под диктат.

Изгласаната интерпелација во Собранието, така како што е изгласан заклучокот, значи мое разрешување или мое дејствување под диктат на Левица и ВМРО. Соочена со изборот помеѓу губење на функцијата претседател на комисијата и дејствување под диктат, според условите поставени од Левица и предложени како Заклучок од Африм Гаши, не се сомневам дека ќе ја прифатам слободата на дејствување како пратеничка, како што сум направила досега, слободно и независно. Секој граѓанин треба да биде таков, без разлика на различноста што ја имаме, се вели во писмото на Илире Даути.

Вицепремиерот Меџити денеска даде појаснување зошто пратениците од Коалицијата Вреди не ја поддржаа интерпелацијата на Даути иако тврди дека имаат забелешки за нејзината работа.

На седницата на Собранието, една од петте точки на Дневен ред беше и интерпелација за работата на неколкумина министри меѓу кои и на самиот Меџити. Тоа што само тројца пратеници гласаа „за“, вицепремиерот толкува дека е израз на поддршка за неговата работа.

Потврдувам дека Илире Даути беше претседател на Комисија и ќе остане претседател на Комисија. Ние можеби имаме многу забелешки за Илире Даути, но кога има иницијатива од Левица ние сме против и ќе ја поддржиме. Во однос на изјавите што ги даваат на терен со нивното членство мислам дека гласањето со 3 гласа, историски најголем декал е најјасна порака дека и нивните пратеници не размислуваат како лидери, кажа Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

Од Европскиот фронт најавија дека деновиве ќе се произнесат со став околу идните чекори и ќе кажат дали ќе предложат нов претседател на собраниското тело.

Претходно, пратеникот Јован Митрески од СДСМ кажа дека спикерот Гаши не е во право – интерпелација мора да има правна последица, но овој случај го нарече преседан бидејќи не станува збор тука за пратеник за чиешто разрешување е пропишана законската и уставна процедура, туку за претседателка на собраниска комисија.

Пратеничката група на Левица кон крајот на ноември поднесе иницијатива за интерпелација на Даути, поради блокада на Законот за бранителите.

Петар Догов