Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Партија на пензионери: Забрана на двојно државјанство да важи и за сите избрани функционери

/

пред 165 дена

Сподели преку :

Партијата на пензионери соопшти дека целосно го поддржува влегувањето во собраниска процедура на предлог-законот со кој би се забранило пратениците во Собранието да поседуваат двојно државјанство, што отсекогаш е едно од нашите залагања како партија, се наведува во соопштението ан Партијата на пензионерите.

Тие бараат и ја подржуваат идејата ова правило да се имплементира за сите избрани функционери на сите рамништа на управа во целата земја.

–Со донесување на ваков закон би се решиле и отфрлиле сите идни можни препукувања помеѓу политичките фактори во земјата за тоа кој и како работи за странски интереси и воедно би се исклучиле сите можности за директно непринципиелно и злонамерно коментирање на кои било странски политичари и влади, стои во соопштението на партијата на пензионери.

Милошоски: Обвинувањата за двојни државјанства ќе треба да се докажат на суд