Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Партијата на пензионери бара итна реакција за состојбата во пензискиот фонд

/

пред 93 дена

Сподели преку :

Партијата на пензионери изрази сериозна загриженост по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија за состојбата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

На седница на Извршниот одбор, извештајот бил оценет како показател за низа неправилности и недомаќинско работење во институцијата.

Во извештајот се посочуваат слабости како ненаменско трошење на средства, административна неефикасност и недоследности во финансиското работење, што според партијата ја доведува во прашање стабилноста и довербата во пензискиот систем.

Дополнително, се изразува загриженост и за функционирањето на вториот пензиски столб. Партијата на пензионери бара итна ревизија на спорните ставки, утврдување одговорност кај надлежните лица и поголема транспарентност во работењето на Фондот.

Ќе се зголеми ли старосната граница за пензионирање? – Владата ја чека анализата од ММФ