Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Партијата на пензионери бара повисок лимит за бесплатно болничко лекување

/

пред 316 дена

Сподели преку :

Партијата на пензионери  апелира и бара од Владата веднаш да го покачи утврдениот износ за бесплатно здравствено лекување во болница за пензионерите со мали примања.

–Oд март 2025 год. со зголемување на пензиите за 2500 денари, минималната пензија го достигна прагот од 18.292 денари, додека лимитот за бесплатно болничко лекување сеуште е 18.000 денари. Со самиот тој факт, подолг период ни еден пензионер во државата не е ослободен од партиципација за болничко лекување што најмногу ги погодува пензионерите со најниските пензии и нивните семејства. Мора да се нагласи дека овој проблем е уште посложен, бидејќи во исто време ние имаме и највисоки цени на лековите во регионот, посочуваат од партијата. 

Тие додадоа дека постојниот лимит е недоволен и не ги покрива основните потреби на оваа категорија граѓани.

-Бараме итно решение кое ќе им овозможи достоинствено лекување на нашите членови, порачаа од партијата.