Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Патнички авион со 62 патници и членови на екипаж се урна во Бразил

/

пред 803 дена

Сподели преку :

Патнички авион се урна денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло, јавија американските медиуми, повикувајќи се на локални медиуми. Во авионот, како што соопшти бразилската компанија „VoePass“, се превезувале 58 патници и четворица членови на екипажот.

Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винедо, но не соопштија повеќе детали. На местото на несреќата се испратени противпожарни екипи.

На настанот во јужен Бразил на кој присуствуваше, претседателот Луис Инасио Лула да Силва ја замоли публиката да застане и да одржи минута молчење.