Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Патниот правец од Удово за Валандово е затворен за сообраќај

/

пред 245 дена

Сподели преку :

Патниот правец од Удово за Валандово од утринава од 05:25 часот е затворен за сообраќај, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Затворањето на патниот правец е поради излевање на Калковска Река на коловозот.

Сообраќајот од оваа делница, како што велат од АМСМ, се пренасочува на патниот правец од селото Марвинци кон Валандово.

Од АМСМ информираат и дека поради магла има намалена видливост до 100 метри на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека.

На останатите патишта од АМСМ велат дека сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози. На некои повисоки места на коловозите има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.