Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Павловска Данева во Топ Тема: Сите политички фактори изминатиов период давале ветувања дека ќе го менуваат балансерот

/

пред 750 дена

Сподели преку :

Дали укинувањето на балансерот, ќе донесе политички дисбаланс? Политички чувствителните случаи, наспроти заштитата на уставноста и законитоста! Потребни ли се нови инструменти за поефикасна заштита на правата на граѓаните? Како од правосудни реформи на хартија, во дела?

Во Топ Тема вечерва, интервју со проф. др. Ана Павловска Данева, судијка во Уставниот суд.

„Тоа беа единствено реакции на политичари и не слушнавме став дека одлуката е неправна или неуставна или политичка од ниту еден правен експерт. Јас тврдам дека таа одлука иако е донесена со мнозинство гласови не е едногласно донесена, дека е правна. А што се однесува до политичките реакции интересно е дека реагираат од опозицискиот блок, како ДУИ. Ние зборувавме за ова на јавната расправа кога ја отворавме постапката“, вели Данева.

Таа потсети дека претходната влада, составена од СДСМ и ДУИ во 2023 година донесе стратегија за реформа на јавна администрација, која има важност до 2030 година и таа стратегија ја обврзува и оваа влада, истакна дека „на страна 47 е предвидено дека балансерот ќе се напушти, токму со тие зборови, пишува методологија и народски балансерот, бидејќи ја изгубил својата употребна вредност и бидејќи се злоупотребува односно не ги дава очекуваните резултати и дека на друг начин ќе се овозможи начелото за правична застапаност на малцинските заедници“.

„Што значи дека балансерот не го руши начелото и одлуката на Уставниот суд никако не го дерогира уставното начело за правична застапеност на малцинските заедници. Владата претходна вклучително и ДУИ кои што чинам дека имаше најголем број на министерски места во влада откако постојат како партија, а биле во влада 20-тина години, плус таканаречен прв вице премиер иако тоа не постои во нашите закони. Првиот вице премиер на тогашната влада којшто воедно беше и министер за политички системи и односи со заедниците, исто така како член на владата ја има поддржано заедно со сите останати министри оваа стратегија. Што значи дека ДУИ во 2023 години констатирал дека балансерот треба да се менува“, рече уставната судијка.

Павловска Данева беше децидна дека во исто време тоа било предизборно ветување и на ВМРО – ДПМНЕ, а СДСМ се согласило исто така, додека пак ВРЕДИ во предиборието зборуваше дека се злоупотребуваат етничките заедници преку балансерот, „бидејќи не само што се пишуваа Македонци како Албанци за да се вработат, туку во Тетово и таму каде што македонската етничка заедница е малцинска Албанци се пишуваат Македонци за да влезат на работа“, посочи Павловска Данева.

Таа истакна дека тоа значи дека сите политички фактори изминатиов период тврделе дека балансерот треба да се смени дека ја надминал својата употребна вредност и давале ветувања дека ќе го менуваат.