Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

/

пред 904 дена

Сподели преку :

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7-годишнината од упадот во собранието истакна дека насилниците кои што влегоа да тепаат пратеници и новинари, не се извинија ниту на граѓаните.

„За жал, истите луѓе кои упаднаа во Собрание тој ден, сега бараат власт. Претседателот на главната опозициска партија беше влезен во собранието, исто така. За жал, од тогаш поминаа седум години и ниту еден од актерите, а особено ниту еден од организаторите не се извини, затоа што за првпат во македонската историја, партијата на власт, за да не ја даде власта, организира насилен бунт и со помош на насилници нападна пратеници. Знаете еден-двајца од нив беа на граница на живот и смрт. И ај што не се извинија, туку денеска нивната кандидатка за претседател, најавува нивна амнестија“, истакна Пендаровски пред охриѓани.

Според него, „тоа е јасен индикатор дека на таков начин, ако дојдат на власт, и ќе се владее“.