Во официјална посета на македонија е претседателот на Латвија, Егилс Левиц кој беше пречекан од неговиот македонски колега претседателот Стево Пендаровски. Разговараа за Украинската криза и безбедносната ситуација во регионот.
Иако клучната тема не беше Бугарија, сепак на конференцијата за новинарите доминираше она што најмногу ја брануваше јавноста во изминатиов период, а тоа е отворањето на клубот Ванчо Михајлов во Битола, како нова провокација од бугарската страна.
Во Вила Водно е Тамара Грнчароска.











