Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Периодот на консолидирање и стабилизација е завршен, почнуваме да генерираме раст – Мицкоски за македонската економија

/

пред 467 дена

Сподели преку :

Периодот на консолидирање и стабилизација е завршен, сега почнуваме да генерираме раст на економијата преку индикаторите во вториот квартал, порача премиерот Христијан Мицкоски.

„Туризмот расте со повеќе од 20 проценти, расте индустриското производство, растат инвестициите, итн., Ценам дека во вториот квартал би требало да имаме исклучително висок раст на македонската економија“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека растот на индустриското производство е 9,4 проценти во мај во споредба со мај лани, а на преработувачката индустрија е 9 проценти во мај и тоа, како што рече, „за нас е многу значајно“.

„Ако се заме во предвид периодот од почетокот на годината, заклучно со мај месец, значи првите пет месеци споредено со истиот период лани, раст е над 3 проценти, мислам дека 3,3 проценти, а кај преработувачката индустрија е 4,5 проценти“, изјави Мицкоски.