Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет активни, четири под контрола – ЦУК за состојбата со пожарите

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Вкупно 27 пожари се евидентирани во земјава од кои пет се активни и четири под контрола, а 18 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), Општина Штип – село Драгоево и село Селце (нискостеблеста шума прнар и сува трева) и Општина Македонски Брод 2 – помеѓу село Локвица и село Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).

Според ЦУК, под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод – село Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева), Општина Македонски Брод 1 – село Грешница (мешана шума и сува трева) и Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (мешана шума).

Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп 1 – село Ново Лагово (ниска вегетација), Општина Прилеп 2 – населба Тризла (ниска вегетација), Општина Дебар – село Рајчица (нискостеблеста шума), Општина Боговиње – село Пирок (ниска вегетација), Општина Теарце – село Теарце (ниска вегетација и стрниште), Општина Могила – село Српци и село Могила (ниска вегетација), Општина Куманово 1 – населба Средорек (ѓубре), Општина Куманово 2 – населба Карпош, улица „154“ (ниска вегетација), Општина Куманово 3 – улица „Никола Тесла“ (ниска вегетација), Општина Охрид 1 – улица „Ариф Мустафа“ (ниска вегетација), Општина Охрид 2 – улица „Стив Наумов“, место викано Тумба (ниска вегетација), Општина Петровец – село Огњанци (ѓубриште), Општина Шуто Оризари – улица „Брсјачка Буна“ (ѓубриште), Општина Илинден – село Бучинци (ниска вегетација), Општина Гази Баба – село Трубарево (ниска вегетација и стрниште), Општина Босилово – село Старо Балдовци (ниска вегетација), Општина Велес – село Клуковец (ниска вегетација) и Општина Кавадарци – село Дреново (ниска вегетација).