Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет години по крвавиот четврток во Собранието, поделбите опстануваат

/

пред 1621 дена

Сподели преку :

Пет години по насилните настани во Собранието, различните видувања дополнително се засилија и политизираа, жртви станаа не само оние со раскрвавени глави туку и осудените, а за нечии погледи, напаѓачите се издигнаа во уставобранители.

Пет години подоцна, во паркот спроти Собранието, во исто време и на само неколку чекори оддалеченост, два перформанси од некогаш спротивставените страни, за одбележување на истиот ден.

Тогашниот лидер на протестите „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, половина час молчеше „затворен во кафез“ и слушаше оперска музика. Во судскиот процес, тој беше единствениот што доби ослободителна пресуда. Десетмина од оние кои прво мирно протестираа со него, а потоа се обидоа да го убијат пратеникот Зијадин Села, беа осудени на 80 години затвор. Партијата на Села потсети на тие настани со фотографии и со изјава дека биле загрозени животи при нападот врз храмот на демократијата, а потоа, еден режим бил заменет со друг. Но денес, упатени се на соработка со ВМРО-ДПМНЕ заради интересите на граѓаните.

Во исто време, Унијата на ветераните и Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, „Гоце Делчев“, организираа протести пред затворот во Прилеп. Побараа „слобода за уставобранителите“ и повторување на судскиот случај. Сметаат дека „за прв пат во една независна држава како терористи се осудени луѓе кои во себе не носеле никаков вид на оружје, туку во себе ја имале само Македонија“. Претседателот на ветераните, Мане Јаковлевски, посочи дека наместо патриотите, во затворите треба да лежат луѓето од СДСМ.

А владеачката партија, чии пратеници најмногу настрадаа, го нарече еден од најцрните датуми за македонската демократија, ден кога вооружени насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ, насилно сакаа да спречат промена на власта.

За настаните од 27-ми април, 17 лица добија пресуди за терористичко загрозување на уставниот поредок, 15 беа амнестирани, четворица функиционери беа осудени како организатори, а уште десетици за други кривични дела. На тој ден беше направен трансфер на власта, по изборите одржани четири месеци порано.

Соња Николовска