Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет милијарди фунти на користење за 10 години – анализа на Фајнанс тинк за договорот меѓу Македонија и В. Британија

/

пред 505 дена

Сподели преку :

Македонската влада склучи договор за рамковен/отворен заем со британската влада, според кој на располагање за користење се ставаат 5 милијарди фунти за период од 10 години, со кои ќе се финансираат исклучиво капитални проекти.

Тоа претставува, во просек годишно, 600 милиони евра, што е износ близок на годишниот буџетски дефицит во последните години.

Информациите кои се познати вклучуваат дека заемот ќе има грејс период за време на изведба на проектот, а отплатата ќе отпочне откако капиталниот проект ќе биде ставен во функција. Останатите специфики на позајмувањето во моментот остануваат непознати, се наведува во анализата на Фајнанс тинк.