Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет нови случаи за сомнеж за непотребни кардио-опeрации

/

пред 393 дена

Сподели преку :

Се зголемува бројот на пријавени случаи за кои граѓаните се сомневаат дека непотребно се изведени кардиолошки интервенции.

Покрај веќе постоечките осум предмети, Комисијата од експерти составена од Министерството за здравство ќе треба да разгледува уште пет претставки стигнати до Фондот за здравство.

„Последните денови Фондот административно ги провери случаите, бидејќи беа доставени коронарографии што моравме да ги поврземе со досиеја и пациенти. Кај нас има пет претставки од граѓани, сите се проследени до Стручната комисија“ – изјави Сашо Клековски, директорот за ФЗО.

Министерот за здравство Азир Алиу денес информираше дека половина од осумте пријавени предмети Комисијата ги има процесирано.

„Чекаме да завршат со сите наоди, се со цел да имаме завршен извештај. Понатаму, знаете дека имаме уште една интернационална група на експерти од тројца, од три различни земји, кои што исто така ќе бидат физички во Македонија, ќе разговараат заедно со оваа експертска група и на крај ќе имаме документ кој ќе биде патоказ за креирање на политики во Министерството за здравство се со цел да не се повторуваат случаеви во нашата земја“ -изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Проверките на хируршките зафати следуваат откако кардиохирургот д-р Сашко Кедев во август на јавен настап рече дека во приватните клиники во земјава се прават непотребни кардиолошки интервенции со цел да се извлечат пари од граѓаните.

Александар Самарџиев