Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петар Јанков прогласи победа во Струмица

/

пред 349 дена

Сподели преку :

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека по 20 години падна бастионот на СДСМ во Струмица.

„Според податоците од нашиот аналитички центар од обработените 82 отсто од обработените гласови ВМРО – ДПМНЕ води со 12.223 гласови наспроти противникот со 7.908 гласови. Тоа укажува на разлика од повеќе од 4.000 гласови. Очекувам во 17 избирачки места, кои не се обработени, овој тренд да продолжи. Затоа струмичани извојуваа убедлива победа, односно ВМРО – ДПМНЕ по долги години извојува убедлива победа во Струмица. Со тоа струмичани го соборија бастионот на СДСМ овде во Струмица. Победи волјата на граѓаните во Струмица“, рече Јанков.

Тој се заблагодари на граѓаните за големата поддршка и најави дека според податоците кои ги има очекува мнозинство советници во Советот на Општина Струмица.

Фото: mia.mk