Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петков одлучил дека иднината на Северна Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ

/

пред 1607 дена

Сподели преку :

Во интервју за романската телевизија Диги 24, запрашан за спорот со Македонија, бугарскиот премиер Кирил Петков не дава конкретен одговор. Но, вниманието на македонската јавност повеќе го привлекува прашањето, отколку неговиот одговор.

Во интервјуто, водено од романската новинарка Кристина Чилеаку, таа и Петков зборуваат за некаков компромис што го постигнале двете влади.

– И вашата влада направи чекор напред во ситуацијата со Северна Македонија, бидејќи Бугарија две години го блокираше почетокот на разговорите за пристапување на оваа земја во Европската унија. Направивте компромис со актуелната власт во Скопје. Дали е ова долгорочен компромис или може нешто да се смени ако вашата влада во одреден момент исчезне, прашува Чилеаку

– Не можам да бидам одговорен ако мојата влада исчезне. Ако мојата влада остане на позицијата, а јас на тоа секојдневно работам, решив иднината на Северна Македонија и Албанија да биде во ЕУ. Мислам, тоа е добро за регионот. Секако, има некои работи кои допрва треба да се решат и треба да работиме напорно за да ги решиме. Ги знаеме пречките, ги знаеме проблемите што треба да ги решиме, сега само треба да ги решиме. Но освен тоа, не можам да бидам одговорен за друга иднина, одговори Петков.

Во одоговорот на Петков немаше дообјаснување за делот од прашањето на Чилеаку за постигнат компрмис.