Во моментов постои средно ниво на закана од тероризам во Македонија, рече националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостоловски, во вечерашното издание на Топ Тема на Телма. Вели дека иако не постојат директни закани, сепак будно се следи состојбата со актуелните случувања на Блискиот Исток и можноста тие да се рефлектираат во нашиот регион.
Уште повеќе што го имаме и искуството од актуелните случува околу конфликтот во Сирија и Ирак, со создавањето на Исламската држава. Имајќи ги тие искуства кога од нашето подрачје, од Република Македонија 143 граѓани земаа активно учество во воените дејствија во Сирија и во Ирак, а отприлика проценката е дека од регионот се околу 1.000 граѓани кои активно учествуваа во воените дејствија, рече Апостоловски.
Вели дека сѐ уште има граѓани од Македонија и од регионот на Западен Балкан кои се во кризните подрачја во Сирија и во Ирак.
Според податоците се работи за 5 мажи, државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат во кризното подрачје моментално на сириската граница со Ирак, и тие според нашите податоци тие се активни борци, рече Апостоловски.
Апостоловски рече дека и покрај двете организирани репратријации кои биел направени на тие граѓани, кои биле во логорите кои се под контрола на курдските сили, сѐ уште има една мала група граѓани која е во конфликтните подрачја.











